Најдобриот македонски фудбалер, Горан пандев го прослави својот јубилеј 100-ти натпревар за сениорската репрезентација на Македонија на дуелот против летонија, прв од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2020 година.
Пандев е вториот македонски фудбалер кој успеал да дојде до ова достигнување, по Гоце Седлоски, поранешниот капитен и дефанзивец, кој исто така има 100 настапи зад своето име во дресот на нашата селекција.
Пандев и Седлоски се единствените Македонци со 100 настапи и се водат како дел од „сенчери клубот“ на ФИФА, од кој дел се играчи со 100 или повеќе настапи за своите репрезентации.
Пред натпреварот со Летонија, Горан Пандев доби подароци и признанија за големото достигнување во А-тимот од страна на ФФМ и УЕФА. Исто така беше со овации од публиката беше поздравен нашиот најдобар фудбалер. Своето деби за Македонија, Горан Пандев го имаше во 2001 година, на гостувањето во Бурса против селекцијата на Турција, меч кој заврши со 3:3.