Гранит Џака не е повеќе капитен на Арсенал, капитенската лента сега ќе оди кај Пјер-Емерик Обамејанг.
Во текот на вчерашниот ден, тренерот Унаи Емери го известил играчот од средниот ред дека повеќе не е меѓу лидерите на тимот, причина за тоа, се разбира, е скандалот со навивачите, а Џака ја прифатил оваа одлука на менаџерот на тимот.
Фудбалерот беше свиркан при неговото излегување од теренот на мечот со Кристал Палас, а тој влезе во комфликт со навивачите и го соблече и фрли дресот на Арсенал. Тој не беше во составот на својата екипа против Ливерпул и Вулверхемптон минатата недела и нема да игра денес против Виторија Гимараеш во Лигата на Европа.
Швајцарецот рече дека бил испровоциран со груби пораки до неговото семејство и тоа е причината за оваа негова реакција. Тој подоцна се извини преку социјалните мрежи, но тоа не му помогна.
Обамејанг не патува со Арсенал во Португалија, па во негово отсуство капитен на Арсенал денес ќе биде дефанзивецот Ектор Белерин.