Резервниот голман на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ли Грант, иако има 38 години сè уште не планира да се пензионира.
Тој во последното интервју за –„ TalkSport“ ги истакна своите намери за наредната сезона. Иако неговиот договор истекува во јуни, Грант вели дека сака да го продолжи престојот на стадионот – „Олд Трафорд“ барем за уште една сезона.
„Доколку Манчестер Јунајтед би сакал да ме има уште една година, тоа би бил прекрасно за мене. Секако уживам во моето време во клубот, знам дека сите се задоволни од мојата работа“ – вели голманот на „црвените ѓаволи“.

