Првиот човек на италијанскиот фудбал, Габриеле Гравина, се надева дека ситуацијата со Ковид-19 ќе се стави под контрола и дека навивачите ќе имаат можност да се вратат на трибините.
„Мојата најголема желба е да има барем мал број на фанови кои ќе ги гледаат завршните натпревари во Серија А. Не може да очекува стадионите да бидат исполнети со оглед на ситуацијата, но, мислам дека може да има минимално присуство“ – потенцира Гравина.
Италијанците по примерот на другите големи шампионати полека влегоа во тренинг процес пред да биде рестартирана сезоната на 20 јуни.

