Дефанзивецот на фудбалскиот состав Панатинаикос, Џорџ Балдок, е пронајден мртов во базен во неговиот дом, објавија денеска грчките медиуми.
Засега нема дополнителни детали за смртта на 31-годишниот Грк. Искусниот играч речиси целата кариера ја помина во Англија, играјќи за МК Донс, Нортемптон, Тамфорт, Оксфорд Јунајтед и Шефилд Јунајтед.
Тој во текот на летото се пресели во Панатинаикос. Балдок е грчки репрезентативец од 2022 година, со 12 настапи.

