Сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, е обвинет за недолично однесување од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Тоа се случило на крајот на натпреварот со Фулам одигран на 28 септември. ФА соопшти дека Маринакис има рок до понеделник да одговори на обвинението.
На споменатиот меч, Нотингем загуби од Фулам по сомнително досуден пенал за гостите. Нотингем е на десеттото место во поредокот со 9 бодови.

