Новиот менаџер на Челзи, Грем Потер, секојдневно добива нови лоши вести во врска со повредените играчи во екипата. Како што пренесува „Скај Спортс“, меѓу повредените во Челзи се приклучи и напаѓачот, Кристијан Пулишиќ.
Американецот беше заменет во првото полувреме од мечот на „Стемфорд Бриџ“ во кој Челзи на петти јануари беше поразен од Манчестер Сити со резултат 1:0. Пулишиќ заработи повреда на коленото и ќе му требаат неколку недели да заздрави. 24-годишниот напаѓач дојде во Челзи од Борусија Дортмунд во 2019 година и оваа сезона одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, запишувајчи еден гол и две асистенции.
Менаџерот Греам Потер во овој момент не може да смета и на Н’Голо Канте, Рис Џејмс, Бен Чилвел, Мејсон Маунт, Рахим Стерлинг.