Крилниот напаѓач, Демиреј Греј, кариерата ќе ја продолжи во шампионатот на Саудиска Арабија откако Ал –Итифак се договорил со Евертон за трансфер на 27-годишниот фудбалер.
Англискиот клуб ќе добие 10 милиони долари. Греј со новиот тим ќе потпише договор на 4 години.
Фудбалерот пристигна кај „карамелите“ во 2021 година. Минатата сезона одигра 33 натпревари во Премиер Лигата со ефект од 4 голови и 1 асистенција.