Фудбалерите, Андре Греј, Натаниел Халоба и Домингос Кин им се извинија на соиграчите во Ватфорд за кршење на правилата за изолација за време на пандемијата на коронавирус. Тројцата лично му се извиниле и на клупскиот менаџер, Најџел Пирсон, пишува „Дејли меил“.
„Сакам да им се обратам на сите и да се извинам. Тоа беше забава што траеше до доцна во ноќта. Моите пријатели и јас се здруживме да го прославиме роденденот “ – напиша Греј на „Инстаграм“.
Напаѓачот на Ватфорд имаше роденден на 26 јуни а само два дена подоцна неговиот тим загуби дома од Саутемптон со 3 спрема 1.