Манчестер Јунајтед ќе добие голема конкуренција во трката за потписот на фудбалерот од средниот ред на Астон Вила, Џек Грелиш.
Според реномираните – „Сан“ и „Мирор“, за младиот 24-годишен Англичанец ќе се борат и шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона. Реално гледано, износот што ќе треба да се плати за трансферот нема да биде проблем за ниту еден од трите клуба бидејќи се проценува дека станува збор за околу 60 милиони фунти.
Доколку „црвените ѓаволи“ не успеат да стигнат до првите 4 во Премиер лигата и да влезат во ЛШ, тоа значително ќе ги им ги намали шансите за трансфер на Грилиш на Олд Трафорд, тврди весникот „Сан“.