Најдобриот играч во составот на Астон Вила, Џек Грилиш, жали што во текот на летото не успеа да обезбеди трансфер во Тотенхем. Како што е познато, договорот пропадна во последен миг иако младиот играч со едната нога беше на „Вајт Харт Лејн“.
„Се разбира дека чувствувам големо разочарување. Ако отидев таму, верувам дека ќе станев и репрезентативец на Англија” – вели играчот во интервју за – „ Дејли телеграф“.
23-годишниот фудбалер кој има настапувано за младата селекција на „Гордиот Албион“, има реализирано повеќе од 100 средби за екипата од Бирмингем.