Капитенот на фудбалскиот состав Астон Вила, Џек Грилиш, потпиша нов 5-годишен договор со клубот.
25-годишниот играч за врска иако се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, сепак, одлучи да остане во екипата од Бирмингем.Грилиш е дел од Астон Вила од 8-годишна возраст а дебитираше за првиот тим во сезоната 2013-2014 година.
„Пресреќен сум што играм за Вила. Ова е мојот клуб, мојот дом и јас сум многу среќен. Сопствениците ми покажаа колку се амбициозни и како сакаат да ја развиваат Астон Вила. Нè чекаат возбудливи времиња и среќен сум што сум дел од проектот“ – рече репрезентативецот на Англија.