Суспендиран од играње и тренинзи, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд го одржа својот прв состанок лице в лице со раководството на клубот откако против него беше отфрлена кривичната пријава за силување и напад.
Пред околу три недели, кралското обвинителство ги отфрли сите обвиненија против Гринвуд. Останува да се види дали 21-годишниот фудбалер ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, бидејќи се уште не игра, ниту тренира со тимот. Откако обвиненијата беа отфрлени, клубот објави дека напаѓачот ќе остане суспендиран во очекување на внатрешна истрага.
Гринвуд и неговите претставници, наводно, се сретнале со високи функционери на клубот како дел од внатрешна истрага. Наводно средбата се случила непосредно пред февруарскиот натпревар на Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа на гостувањето кај Барселона.