Сите обвиненија за Мејсон Гринвуд за обид за силување, напад и контролирано и присилно однесување, денеска се отфрлени, соопштија медиумите во Британија.
Тоа значи дека младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед е ослободен по сите точки и нема да биде санкциониран. Обвинителството објави дека главните сведоци одбилe да соработуваат а се појавиле и нови докази.
Ќе потсетиме дека Гринвуд беше уапсен пред една година откако неговата девојка на социјалните мрежи објави фотографии на кои има модринки и крв по нејзиното тело како резултат на тепањe а се пожали и дека била принудена на секс. Тогаш Јунајтед го суспендираше а компанијата – „Најк“ ја прекина соработката со него.