Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд ги процени шансите на тимот да ја освои англиската Премиер лига оваа сеозна.
Вчера, Гринвуд постигна два гола против Барнли (3:1) и беше најзаслужен за победата на неговата екипа.
„Никогаш не можете да бидете целосно сигурни во ништо. Манчестер Сити сè уште може да се сопне. Треба да се концентрираме на следните натпревари. Сè е можно. Се надевам дека тие сепак ќе губат бодови, но нема да размислуваме за нивните натпревари. Знаев дека ќе дојдат моите голови и продолжив да работам напорно. Ги искористив моите можности. Драго ми е што играм многу. Тренерот ми верува, давам се од себе и се обидувам да им помогнам на моите соиграчи“, изјави Гринвуд за „Скај Спортс“.

