Ѕвездата на Атлетико Мадрид Антоан Гризман е подготвен да ја намали платата за да си обезбеди трансфер во Барселона ова лето, тврди весникот „Мундо Депортиво”.
Според изданието напаѓачот сфатил дека мора да направи некои потези, за да ги натера каталонците да ја платат откупната клаузула која од 1-ви јули ќе биде 120 милиони евра. Како што е познато, минатиот летен преоден упорно се тврдеше дека Гризман ќе премине на „Камп Ноу”, но на крајот тој потпиша нов договор со Атлетико и во моментов заработува по 23 милиони евра по сезона.
Пред една година, тој договорил со менаџментот на Барселона дека неговата годишна плата би била 16 милиони евра. Ако дојде до негов трансфер во тимот, неговата плата ќе треба да биде токму во оваа висина, што значи дека би земал помалку пари отколку во сегашниот клуб.