Според шпанскиот медиум – „РМС Спорт“, напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, не знаел дека Каталонците започнале преговори за евентуално негово враќање во екипата на Атлетико Мадрид.
Изворот наведува дека тимот од –„Камп Ноу“ се обидува да се ослободи од играчите што имаат големи примања.
Иако францускиот фудбалер има желба да остане на „Камп Ноу“, се претпоставува дека Барса ќе инсистира да го испрати во Атлетико.