Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, беше стрелец на јубилејниот 8000. гол во Лигата на шампионите. Тој започна како стартер за мадриѓани на натпреварот против Бриж и успеа да реализира два погодоци за победа од 3:1.
Неговиот втор гол во 66. минута е токму оној кој е забележам како 8000-ти во најпрестижниот клупски турнир на планетава. 6000-тиот гол беше на Марио Гетце, а 7000-тиот на Анхел ди Марија.