Фудбалскиот репрезентативец на Франција, Антоан Гризман, во текот на летово ќе продолжи да работи на тренинзите на Барселона додека да се реши неговата судбина.
Медиумите денеска тврдат, дека напаѓачот е лут бидејќи Каталонците сакаат да се ослободат од неговите услуги и пред се од обврските да му даваат висока плата.
Деновиве имаше одредени најави дека Гризман може да се врати во Атлетико Мадрид.