Напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе ги пропушти последните два до крајот на годинава.
Французинот заработи повреда на дербито со Реал Мадрид а клубот потврди дека на снимката е откриена повреда на мускулот на десната надколеница. Шпанците“ не откриваат до кога Гризман ќе треба да се рехабилитира, но, медиуми тврдат дека ќе ги пропушти средбите со Севилја и Гранада.
Денешниот тренинг на „јорганџиите“ го пропуштија и Облак и Коке. Според „Марка“, двајцата не се чувствуваат добро.
