Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, вели дека му здодеале информациите кои го поврзуваат со можен трансфер во друг состав. Репрезентативецот на Франција открива дека секоја година се случуваат истите работи и дека тоа влије негативно врз неговата игра.
„Иако сум навикнат, ме нервира тоа што секоја година се случуваат исти работи“ – изјави Гризман по вчерашната победа против Исланд во квалифиакциите за Европското првенство во 2020 година.
Според медиумите во Шпанија, Гризман сонува за Барселона, но, луѓето од „Камп Ноу“ не сакаат да прават нов обид да го ангажираат.