Репрезентативецот на Франција, Антоан Гризман, кој беше прогласен за играч на финалето на фудбалскиот Мундијал во Русија, објасни дека не знаел зошто судијата досуди најстрога казна во корист на неговата репрезентација.
„Кога го видов судијата дека оди да ја гледа снимката не знаев зошто го прави тоа. Го прашав а тој ми одговори дека имало играње со рака. Останав смирен при пеналот и погодив“ – рече Гризман.
Неговата селекција со победата против Хрватска од 4 спрема 2 по втор пат успеа да стане светски шампион.