Напаѓачот на Атлетико Антоан Гризман се надева дека овојпат ќе може да освои европски трофеј со тимот на Атлетико.
Во 2016 година загубата во финалето против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а Гризман пропушти да реализира пенал. Сега Французинот е амбициозен дека може да ја освоие Лигата на Европа. Синоќа, тој му помогна на Диего Коста да го постигне победничкиот гол против Арсенал (1:0).
„Многу сме среќни, се надевам на успех и со нетрпение очекуваме среќен крај, и се надевавме дека атмосферата ќе биде иста како „Ванда Метрполитано“ како вечерва. Се чуствував како да играме на стариот стадион „Висенте Калдерон“, тоа беше тоа! одлична атмосфера“ изјави Гризман.
„Го заслуживме финалето, беше многу важно за нас да стигнеме до последниот натпревар од ова натпреварување, а таму сакаме да бидеме победник”, додаде Диего Коста.
Противник на Атлетико во финалето во Лион на 16-ти мај ќе биде Олимпик Марсеј.