Францускиот напаѓач Антоан Гризман изјави дека е многу среќен поради фактот што потпишал договор со Атлетико Мадрид до 2026 година.
„Многу сум среќен, го сакав ова од моментот кога се вратив овде. Важно е да се биде во овој клуб, да имам корист од работата со тренерот, од соиграчите, од стадионот, од навивачите. Направив се што е можно. да останам овде и знам што очекуваат од мене и не се двоумев ни во еден момент“, прокоментира францускиот интернационалец за клупската веб-страница.
„Не сум загрижен за тоа што ме чека затоа што сакав да останам овде со моето семејство и да бидам во клуб кој ме сака и да работам со тренер кој ме сака. Многу сум горд што ќе продолжам во Атлетико Мадрид“, изјави фудбалерот.
Медиумите во Шпанија пишуваа дека Атлетико Мадрид ќе плати 20 милиони евра на Барселона за правата на Гризман. Во случај во следните години Атлетико да го продаде францускиот напаѓач за повеќе од 18 милиони евра, разликата од 18 до 40 милиони повторно ќе оди во касата на Барса.