Фудбалскиот состав Вардар опотврди преку социјалните мрежи дека Бобан Грнчаров се врати во редовите на „црвено-црните“ и ќе биде дел од стручниот штаб.
– Поранешниот капитен на нашиот клуб, Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на ФК Вардар. Грнчаров како фудбалер на Вардар има преку 100 настапи за првиот тим, а беше член и на генерацијата која што за првпат настапи во групната фаза на Лигата на Европа“ – соопштија од Вардар.
Грнчаров во богатата кариера настапуваше за : ОФК Београд, Металург Доњецк, Стал, Гент, Макаби Петах Тиква, Апоел, Лирс, Ботев и Таврија.