Фудбалерот, Паскал Грос, кој ќе дебитира денеска за Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, очекува голема помош од навивачите на мечот со Селтик кој ќе биде одигран на „Сигнал Идуна Парк“.
„Ќе биде посебно за мене. Навистина се радувам . Публиката секогаш е феноменална и многу ни помага“ – изјави Германецот кој во текот на летото го напушти англискиот, Брајтон.
„Знаеме дека треба да играме максимално. Наша цел е да ги добиваме мечевите. Имаме големи амбиции“ – потенцираше Грос.

