Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Хвича Кварацхелија, по вчерашната победа на домашен терен против Астон Вила со 3-1 во првиот меч од 1 /4 финалето во Лигата на шампионите, вели дека очекува тежок реванш во Англија.
„Почнавме лошо затоа што примивме гол. Задоволни сме со резултатот но, мораме да продолжиме во истиот дух бидејќи има реванш“ – рече Грузиецот.
„Сакавме да покажеме дека можеме да бидеме фокусирани. Вториот меч ќе биде многу тежок“ – рече Кварацхелија.

