Фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацелија, веројатно на крајот на сезоната ќе добие понуда да се пресели во екипата на Барселона, велат последните вести од неговата татковина, Грузија.
Тој во сезонава одигра 31 натпревар на сите турнири на кои постигна шест голови и направи пет асистенции. Луцидниот фудбалер од средината на теренот кој знае да ги решета противничките мрежи, има договр до крајот на јуни во 2027 година.
Според одредени проценки, неговата трансферна вредност се движи околу 70 до 80 милиони евра.