Фудбалерот на Наполи, Квичи Кварацелија и челниците на тимот, интензивно преговараат за продолжување на соработката, наведуваат медиумите во Италија.
Главен проблем во целата ситуација е барањето на Грузиецот за повисока плата. Тој сака да добива најмалку 8 милиони евра по сезона додека луѓето од Наполи му нудат нешто помалку.
Кварацелија кој вреди околу 80 милиони на трансфер-пазарот, има тековен договор со италијанскиот состав до летото во 2027 година.

