Фудбалскиот интернационалец од Грузија, Квича Кварачелија, нема да биде дел од екипата на Наполи на гостувањето кај Фросиноне на стартот на Серија „А“, велат последните информации од „Чизмата“.
Еден од најдобрите фудбалери во минатата сезона кој помогна да се освои домашниот шампионат, бил преморен и затоа не е ставен на списокот. Тој во почетокот на август заработи повреда на ногата но, истата успешно ја санираше.
Кварачелија во изминатата сезона одигра 43 средби со ефект од 14 голови и 17 асистенции. Мечот меѓу Фросиноне и Наполи ќе биде одигран в сабота од 18.30 часот.