Хвича Кварацхелија ќе го продолжи договорот со Наполи. Грузискиот крилен напаѓач ја прифати понудата на наполитанскиот клуб да склучи договор до 2029 година.
Тоа го пренесе денеска–„Sportmediaset“ повикувајќи се на доверливи извори од клубот.
Според условите на новиот договор, играчот ќе може да заработува до 5 милиони евра годишно вклучувајќи ги и бонусите.

