Фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацхелија би можел да му се приклучи на Пари Сен Жермен до крајот на работнава седмица, тврдат медиумите во Франција.
23-годишниот играч треба да пристигне во Париз за да ги помине лекарските прегледи и да потпише договор за пет сезони.
Грузиецот на – „Паркот на принцовите“ ќе добие далеку поголема плата во однос на тоа што го заработуваше во Наполи.

