Нашите најдобри фудбалери го претрпеа првиот пораз во новата сезона во „Ц“ сегментот во Лигата на Нации.
По ремито со Бугарија и победата кај Гибралтар, избраниците на Милевски вечерва загубија на Арената в Скопје од селекцијата на Грузија со 3 спрема 0. Гостите ги казнија сите наши слаби моменти во одбраната и сосема заслужено ги однесоа бодовите.
Грузија е лидер во групата со максимален ефект. Македонија има 4 бодови, Бугарија два а Гибралтар 1 бод. Во наредното 4 коло в недела, ние ќе го дочeкаме Гибралтар а Грузија ќе и биде домаќин на Бугарија.