Грузиската фудбалска репрезентација ќе добие бонус од 1 милион долари за пласман во финалната фаза на Европското во Германија. Тоа го потврди грузискиот премиер, Иракли Кобиџе.
Грузиските фудбалери направија историски успех откако во баражот ја елиминираа селекцијата на Грција и за прв пат во историјата стигнаа до последната фаза на голем интернационалец турнир.
Грузија на континенталниот собир ќе биде во групата со Турција, Португалија и Чешка.