Три италијански клубови, Јувентус, Интер и Рома, се заинтересирани за напаѓачот на Џенова, Алберт Гудмундсон.
26-годишниот фудбалер е водечки стрелец во тимот со 10 гола на 20 натпревари во сите конкуренции. Тој пристигна во клубот пред две години кога Џенова му плати 1,2 милиони евра на АЗ Алкмар.
Исланѓанецот досега има 70 натпревари со 25 гола и 8 асистенции за тимот. Јуве, Интер и Рома ќе мора да почекаат до летниот преоден рок кога ќе ги достават своите понуди за напаѓачот.

