Легендата на холандскиот и светскиот фудбал, Руд Гулид, се обиде да објасни зошто Пеп Гвардиола не може да ја освои Лигата на шампионите како што тоа го правеше со Барселона. Шпанецот кој седи на кормилото на Манчестер Сити вчера доживеа елиминација од Тотенхем и не влезе во 1 /2 финалето.
„Тоа е така затоа што го нема Меси. Тоа е голема разлика. Се обиде со Баерн Минхен. Постојано беше блиску и не успеа. Титула со Баерн во Бундеслигата не е достигнување, затоа што тие ја освојуваат секоја година. Знам што сака Пеп, тој го посакува трофејот. Тој ја сака ЛШ и жал ми е за него, -истакна Гулид.
„Во Барселона имаше одличен тим кој го наследи од Рајкард и Меси кој дебитираше под негово водство. Потоа Меси стана уште позначаен, Меси беше клучен во многу натпревари додека тој беше во Барселона. Не можете да купите тим за да тоа го направите (успех во ЛШ). Тоа е така“ – вели Гулид.