Играчот од средниот ред на германската репрезентација, Илкај Гундоан, не крие дека очекува старт со победа над Шкотска на ЕП 2024.
„Нашиот тренер ни даде план кој треба да го следиме. Секој си ја знае работата и затоа можеме да го дадеме максимумот на теренот. Да се биде дел од овој тим и да се прави земјата горда е неверојатна чест. Навистина се радувам на тоа. Треба да ја најдеме вистинската рамнотежа – ако можеме да го направиме тоа, ќе бидеме во добра позиција. Некаде прочитав дека Шкотска може да не изненади. На средината ќе биде напнато. Тие е искусен тим кој е избалансиран и знае кога да се брани длабоко. Против нас тоа може да се случува и почесто, бидејќи нашата игра повеќе се базира на поседот на топката. Мислам дека атмосферата ќе биде многу позитивна, а потоа навивачите ќе видат што правиме на теренот. На крајот на краиштата, малкумина веројатно ќе се сетат како игравме. Најважно е да победиме и да ги освоиме првите три бода“, вели Гундоан.