Илкај Гундоан денеска и официјално се прости од навивачите на Барселона и го потврди враќањето во екипата на Манчестер Сити. Во објава на социјалните мрежи, Германецот им се заблагодари на фановите на Барса за дружбата во изминатата сезона, а Манчестер Сити веднаш потоа го објави неговото враќање на „Етихад“.
„По само една година, време е да се збогуваме. Дојдов овде за да преземам нов, возбудлив предизвик и бев подготвен за тоа. Дадов се што имав за да дадам се од себе за тимот и клубот во тешката сезона и со нетрпение очекував да им помогнам на моите соиграчи во новата сезона. Сега заминувам во тешка ситуација, но ако моето заминување му помогне финансиски на клубот, тогаш нема да бидам толку тажен. Навивачите заслужуваат овој голем клуб да се врати кај најдобрите во светот“, напиша Гундоган.
Според информациите, германскиот репрезентативец добил едногодишен договор со Сити со опција за продолжување на уште една година.

