Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкан Гундоган, по вчерашниот пораз на теренот на градскиот ривал Јунајтед, вели дека не направил прекршок врз Фернандеш и дека противникот одлично одглумил и го измамил судијата.
Домаќините токму по прекинот со мала мајсторија што ја изведоа Фернадеш и стрелецот на голот, Ентони Марсијал, ја дигнаа публиката на нозе на „Олд Трафорд“. Гундоган сега потенцира дека не направил прекршок врз Португалецот и дека се било регуларно.
„Тоа воопшто не беше фаул. Јас ја допрев топката а Бруно се фрли на земја и почна да вика. Не сум сигурен дека судијата виде или имаше само чувство дека е фаул“ – вели играчот на „граѓаните“.
