Фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган, беше реален во проценката дека неговиот тим не се вбројува меѓу главните кандидати за освојување на пехарот во Лигата на шампионите.
„Има други тимови со поголемо искуство но, ако успееме да стигнеме до четвртфиналето, се може да се случи. Ќе биде тешко за сите екипи, тоа е реалност“ – вели искусниот фудбалер на шпанскиот состав.
Барселона доцна вечер ќе му гостува на Наполи во првиот меч од осминафиналната фаза во елитата на Европа.

