Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за Реал Мадрид.
„Реал е клуб кој знае да експлодира. Тимот кој ги победи ПСЖ и Челзи сигурно ќе биде тврд орев. Ние го разбираме ова. Станува збор за брутален тим предводен од Карим Бензема, Лука Модриќ и Тони Крос. Сите тие постојано настапуваа на неверојатно високо ниво низ годините. Реал Мадрид го има и Винисиус кој игра многу добро оваа сезона. Мислам дека ни претстои многу поофанзивна игра отколку со Атлетико Мадрид“, изјави Гундоган.
Да потсетиме дека првиот натпревар од 1/2 финалето на Лигата на шампионите на УЕФА, Манчестер Сити – Реал Мадрид ќе се одигра на 26 април во Манчестер (Англија). Реваншот ќе се одигра на 4 мај во Мадрид (Шпанија).