Претседателот на третолигашот Реал Мурсија, Виктор Галвес, е сигурен дека Хозе Марија Гутиерес -Гути ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.
По напуштањето на Зинедин Зидан, сè уште е нејасно кој ќе ја преземе улогата на тренер во „кралскиот клуб“.
„Гути нема да ја предводи Мурсија, бидејќи ќе биде тренер на Реал Мадрид. Сакав тој да ја води Мурсија и наредната сезона. Штета што Зидан не го напушти Реал два дена подоцна”, изјави првиот човек на клубот нза весникот „АС“. „Гути ме повика да се заблагодари за интересот за него”, рече Галвес.
Гути успеа да ги направи првите чекори како тренер, постигнувајќи добри резултати во јуниорскиот тим на Реал Мадрид.