Тимот на Гвадалахара по вторпат во својата клупска историја успеа да ја освои фудбалската лига на шампионите од КОНКАКАФ зоната. Мексиканците триумфираа по подобро изведување на пенали со 4:2 во финалето против канадски Торонто.
Гвадалахара имаше предност од 2:1 по првиот натпревар како гостин, а во вториот дуел на свој терен поведе со погодокот на Орбелин Пинеда уште во 19-тата минута, но до паузата гостите постигнаа два гола преку Алтидор и поранешниот напаѓач на Јувентусм Себастијан Џовинко и израмнија.
Потоа дојде до изведување на пенали, каде што Осорио и Мајкл Бредли промашија заТоронто и Гвадалахара заслужено дојде до трофејот за првпат по 1962 година.