Челниците на фудбалскиот состав Челзи имаат намера во текот на летото да го ангажираат хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол, кој има одлични настапи за екипата на Лајпциг во Бундес- лигата.
Тој беше и меѓу најдобрите во селекцијата на Хрватска на Светското првенство во Катар. Англиските медиуми денеска наведуваат, дека „сините“ се подготвени да испратат понуда од околу 100 милиони евра и да го направат Гвардиол најскап дефанзивец во Премиер-лигата.
Рекордот засега го има капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.