Пеп Гвардиола кој ја одработува деветата сезона на клупата на Манчестер Сити, најави, дека ќе го напушти тимот доколку не успее да ги оствари предвидените цели.
Шпанецот неодамна потпиша нов договор со „граѓаните“ кои загубија четири средби по ред и одиграа нерешено со Феенорд во ЛШ.
„Не сакам да останам некаде ако чувствувам дека јас сум проблемот. Не сакам да бидам тука само затоа што имам договор. Ако не успее, тогаш секако дека ќе мора да има промена“ – вели Гвардиола.

