Манчестер Сити денеска го прегази Арсенал со 5-0 во дерби мечот од Премиер-лигата а тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, упати утешни зборови за неговиот колега, Микел Артета, кој веднаш се најде на жесток удар на фановите.
„Артета е повеќе од адекватен менаџер за Арсенал. Го има потребниот карактер. Тимот со кој денеска излезе беше без седум или осум значајни играчи“ – потенцира Гвардиола.
Фудбалерите на Манчестер Сити со денешните освоени бодови се зацврстија на челната позиција на табелата.