Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ја искоментира состојбата во Арсенал и најавите дека неговиот колега, Микел Артета, најверојатно ќе добие отказ бидејќи „топчиите“ играат катастрофално.
„Ќе биде грешка ако му врачат отказ. Знам дека Артета е одличен тренер и заслужува да добие поддршка“ – изјави Гвардиола.
„Знам дека Арсенал ќе направи грешка ако се определи да го отпушти Артета. Тој успеа за краток период да им обезбеди две титули“ – потенцираше шпанскиот тренер.

