Манчестер Сити веќе има во план кои ќе бидат првите две нови засилувања за следното лето. Според шпекулациите во британскиот печат, Пеп Гвардиола и неговите соработници ставиле во списокот на посакувани две имиња од екипата на Лион.
Играчот з аврска на Французите, Тангуи Ндомбеле, како и Лукас Тусарт, кој исто така игра во средниот ред многу скоро ќе бидат контактирани од преставници на Сити со желба во јуни да се преселат во Манчестер.
21-годишниот Тусарт е дел од тимот од 2015 година, кога премина од редовите на Валенсиен. Тој е младински репрезентативец на Франција. Ндомбеле пак ова лето беше откупен од Амиен, а и тој е младински репрезентативец на “петлите”.