Менаџерот на англискиот фудбалски шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше многу пофалби за Роберто Де Зерби и неговиот Брајтон.
Италијанецот за прв пат во историјата ги однесе „галебите“ до европски турнир во случајов до Лига Европа.
„Роберто е меѓу највлијателните менаџери во последните 20 години. Неговиот тим е уникатен и создава 20-25 шанси по натпревар“ – вели Гвардиола.