Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, сосема очекувано беше избран за најдобар менаџер во најсилната конкуренција на Англија откако со неговиот тим ја освои титулата во Премиер лигата.
Шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“ имаше одличен ефект од 32 победи во 38 натпревари. Новите шампиони постигнаа 106 голови и собраа рекордни 100 бодови.
Признанието на Гвардиола доаѓа од страна на неговите колеги кои се дел од англиската асоцијација на тренери.